петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

АСЕН ВАСИЛЕВ НЕ УСПЕА ДА ОБЕЗБЕДИ МНОЗИНСТВО: Го врати мандатот неисполнет, а бугарскиот претседател упати јасна порака

АСЕН ВАСИЛЕВ НЕ УСПЕА ДА ОБЕЗБЕДИ МНОЗИНСТВО: Го врати мандатот неисполнет, а бугарскиот претседател упати јасна порака
ФОТО: БГНЕС

Попладнево средба оствариле Кирил Петков, Андреј Ѓуров, Никола Минчев и Асен Василев со Румен Радев.

„БГНЕС“ пренесува дека Асен Василев, кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“ му го вратил неисполнетиот мандат за формирање влада на бугарскиот претседател Румен Радев.

Василев изјавил дека ПП не собрала доволно собраниска поддршка: „Значи го враќаме мандатот неисполнет“.

– Повлечениот кредит на доверба кон кабинетот не може и не треба да ги исцрпи јавните напори за изградба на влада која е транспарентна и одговорна пред граѓаните. Верувам дека мисијата да се промени нашата држава е историска и колку и да е тешка, Бугарите ќе ја остварат, истакнал Радев.

– Длабоко верувам дека институциите можат да постигнат резултати, а остварениот национален интерес е на прво место. Очекувам владата да ги развие и подготви за доставување до Народното собрание законите поврзани со Планот за закрепнување и одржливост, за Бугарија да не продолжи да губи време и пари, додал бугарскиот претседател.

Тој вели дека следната недела ќе соопшти кога ќе го додели мандатот на втората по големина партија.