Монтажни лаборатории кои ќе служат за тестирање на коронавирус, како донација од кинески компании, ќе добијат српските градови Белград и Ниш.
Според информациите од српскиот министер за земјоделство, во лабораторијата во Ниш дневно ќе се обработуваат 1000, а во Белград 2000 тестови.
Во лабораториите на Ветеринарскиот и Институтот за јавно здравје во Ниш дневно може да се изработат околу 400 тестови. Новите монтажни лаборатории значително ќе ги зголемат капацитетите.