четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бизнисменот Иван нуди награда од 10.000 евра во кеш: Бара само една информација

Според првите информации, штетата во подметнатиот пожар кој кај сплитскиот терминал ТТТС зафати три теретни возила, од кои едно потполно изгорело, е поголема од 60 илјади евра.
Бизнисменот Иван нуди награда од 10.000 евра во кеш: Бара само една информација

Сопственик на камиони кои изгореа вчера рано наутро во Сплит после подметнат пожар, по пат на Фејсбук понуди награда од 10.000 евра, на оној кој ќе му помогне да го пронајде виновникот.

Во својата објава на Фејсбук, Иван Баталиќ ги повика колеги, пријателите, познаниците да ја споделат неговата потрага за информација околу тоа кој го подметнал пожарот, а го оставил и својот телефонски број.

-Екипа, колеги, знаени и познаници… Ве молам споделете го ова! Нудам награда од 10.000 евра во кеш за информација околу намерното палење на моите тешко стекнати камиони, напиша Баталиќ во статусот.

Според првите информации, штетата во подметнатиот пожар кој кај сплитскиот терминал ТТТС зафати три теретни возила, од кои едно потполно изгорело, е поголема од 60 илјади евра.

Со полицискиот увид  е утврдено е дека причина за пожарот е отворен пламен или жар, поради што полицијата почна криминалистичко истражување.