понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Блинкен и честиташе на Албанија 110-годишнината од независноста и 100 години дипломатски односи

Блинкен и честиташе на Албанија 110-годишнината од независноста и 100 години дипломатски односи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска им ја честиташе на граѓаните на Албанија 110-годишнината од независноста и воедно и 100-годишнината од американско-албанските дипломатски односи и широкото, силно партнерство.

– Чест ми е да во иметот на САД да ја честитам незавсноста. САД се горди што одбележуваме 100 години од воспоставувањето дипломатски односи. Почестени сме што САД работат заедно со Албанија во Советот за безбедност на Обединетите нации, бидејќи Албанија продолжува да дава силен придонес на глобалната сцена. Албанија покажа лидерство и храброст со поддршката на Украина, додека нејзиниот придонесот како сојузник во НАТО и помага на Алијансата да остане силна, подготвена и одлучна, се наведува во честитката.

САД, исто така, „и заблагодаруваат на Албанија за нејзиното партнерство и поддршката во преселувањето на Авганистанците“, ѝ честитаат на „постигнувањето на почетокот на преговорите за пристап во ЕУ“ и остануваат посветени на обезбедувањето поддршка на трансатлантскот пат.

– Работиме заедно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, обезбедуваме енергија додека ја унапредуваме заедничката климатска агенда за Европа и ја зајакнуваме кибер-одбраната. Сега кога влегуваме во второт век на нашите односи, горди сме што стоиме рамо до рамо со албанскиот народ, се додава во честитката на Блинкен по повод Денот на независноста на Албанија.