вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Брисел: Вучиќ и Тачи согласни да го интензивираат дијалогот и да се состанат во септември

Брисел: Вучиќ и Тачи согласни да го интензивираат дијалогот и да се состанат во септември

Европската комисија објави дека Белград и Приштина ги дефинираат темите за разговор во дијалогот, додека ЕУ само посредува.

Портпаролот на Европската комисија, Карлос Мартин, во Брисел рече дека претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го интензивираат дијалогот и да се состанат во септември.

– Двете страни треба постават агенда, нашата улога е да посредуваме во дијалогот, рече Мартин на прашањето дали промената на границите би можела да биде тема на дискусија во септември или како можност е целосно исклучена од високиот претставник на ЕУ, Федерика Могерини.

Мартин повтори дека за време на дијалогот на високо ниво на 24 јуни Тачи и Вучиќ имале „интензивен и продуктивен разговор во рамки на договорот за сеопфатна нормализација на односите“. Според него, тие се согласиле да имаат средба во септември и во следниот период да ја интензивираат работата. (МИА)