понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Брнабиќ: Ако граѓаните не се дисциплинирани, ќе воведеме полициски час

Брнабиќ: Ако граѓаните не се дисциплинирани, ќе воведеме полициски час

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера прогласи вонредна состојба на ниво на цела земја, а денеска премиерката Ана Брнабиќ ги повика граѓаните сериозно да ги сфатат сите предупредувања.

-Ве молам, сфатете сериозно. Она што го гледам денеска на улиците е поразително, немојте да не терате да воведеме полициски час. Улиците се полни, сообраќаен метеж има. Границите на Србија се затворени за сите странски државјани освен за тие со дипломатски статус и дозвола за престој. Ве молам за самодисциплина, посебно старите граѓани да не илегуваат надвор. Војската и полицијата ни се потребни за да им помогнат на медицинските работници, изјави Брнабиќ.

Во Србија се регистрирани 55 случаи на коронавирус.