петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Брнабиќ: Борбата за спречување на атентатот на Вучиќ сè уште трае

Брнабиќ: Борбата за спречување на атентатот на Вучиќ сè уште трае

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека се уште не е отстранета опасноста од атентат на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– За тоа комуницираме и со земји надвор од Европската Унија. Тоа се уште не сме го спречиле, борбата се уште трае и опасноста не е отстранета, изјави таа за српски медиуми.

Брнабиќ рече дека е невозможно лидерот на „кавачкиот клан“, Радоје Звичер, кој е осомничен дека е вмешан во организирањето на атентатот на претседателот на Србија, да биде „толку силен“ без поддршка од државниот врв.

– Невозможно е некој од Црна Гора да не знаел за Звичер и да не го спречил. Јас не верувам во тоа, рече Брнабиќ.

Таа претходно кажа дека известувањето дека се подготвува атентат на претседателот на државата е добиено од Европол, преку една членка на Европската Унија, со временска рамка која била планирана за првата половина на февруари.