понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бугарскиот Парламент ќе гласа за предлог владата на Николај Габровски

Бугарскиот Парламент ќе гласа за предлог владата на Николај Габровски

Со 12 пратеници помалку денеска почна работата на бугарскиот Парламент каде се очекува прва точка да биде гласањето за кандидатурата на Николај Габровски за премиер и владата предложена од него, јавија софиски медиуми.

Во салата се пријавени 228 пратеници. Иако има отсуство на 12 гласа обезбеден е потребниот кворум за гласање на владата.

Габровски и неговата предложена влада имаат поддршка од ГЕРБ-СДС, ДПС и БВ, но ова се 115 гласа. За да се изгласа владата потребни се 50% +1 од присутните во пленарната сала.Со пријавени 228, кворумот е 114, што значи дека кабинетот ги има сите шанси да биде изгласан, јавија софиски медиуми.

Во бугарскиот Парламент денеска ќе се расправа и ќе се гласа за предлог-кабинетот предложен од кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС, Николај Габровски. Пред почетокот на средбата претставниците на политичките сили ги коментираа нивните очекувања.

„Продолжуваме со промената“ најавија дека нема да го поддржат предлогот за кабинет, а при влегувањето во Парламентот пратеникот Настимир Ананиев најави дека на нивна страна има 53 сигурни гласа „против“, јави БТА

Лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов изјави дека сите народни претставници на партијата ќе бидат во салата и истакна дека предвремените избори се добра работа.

Георги Свиленски од БСП рече дека социјалистите имаат 24 народни пратеници и тоа е 24 гласа „против“ предложениот кабинет од Габровски.

Јордан Цонев од ДПС истакна дека најверојатно ќе го поддржат кабинетот на Габровски, но со компромиси. „Мора да направиме се за да имаме функционална влада“, изјави тој и додаде дека „рејтингот на Собранието секојдневно паѓа“.
На средбата со Николај Габровски минатата недела, лидерот на левицата Корнелија Нинова рече дека го почитуваат, но нема да поддржат кабинет предложен од него.

Не е јасно како денеска ќе гласаат од „Бугарски подем“. Пратениците имаа одлука, но не сакаа однапред да соопштат за медиумите, по вчерашната седница на пратеничќката група и коалицискиот совет.