петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бугарскиот премиер утре во посета на Србија

Бугарскиот премиер утре во посета на Србија

Бугарскиот премиер Кирил Петков утре заминува во официјална посета на Србија, соопшти владината служба за информирање. Како што јави дописникот на МИА од Софија, за време на посетата на Белград, премиерот на Бугарија Кирил Петков ќе се сретне со српската премиерка Ана Бернабиќ, а по разговорот предвидени се изјавите на двајцата лидери за медиумите.

Посетата на Петков на Србија всушност ќе биде втора посета на регионот од почетокот на неговиот мандат. Првата официјална посета беше на Република Северна Македонија.

Следеше заеднички состанок на владите на Бугарија и Северна Македонија во Софија на 25 јануари во резиденцијата Бојана. Бугарскиот премиер Кирил Петков на крајот на минатата недела оствари телефонски разговор со неговиот романски колега Николае Чука, со кого се договорија лично да се сретнат во Букурешт, а двете влади да одржат заедничка средба наесен во Софија.

Двајцата премиери разговараа и за продлабочување на регионалната соработка, инфраструктурни и енергетски проекти кои ќе придонесат за поврзување и безбедност во Југоисточна Европа.