Бугарската влада донесе одлука за свикување вонредна седница на Народното собрание.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарската влада утре, 1 март, ќе побара од Народното собрание да донесе одлука за смена на министерот за одбрана Стефан Јанев.
Бугарскиот премиер Кирил Петков побара оставка од Јанев, а откако тој ја одби, Петков предложи Народното собрание да гласа за побараната оставка на Стефан Јанев.
Петков по состанокот на бугарската влада соопшти дека за нов министер за одбрана го предлага Тодор Тагарев. Тагарев беше министер за одбрана во преодната влада на премиерот Марин Рајков од 13 март до 29 мај 2013 година. Тој е воен експерт и долгогодишен вработен во Министерството за одбрана.