петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бугарскиот вицепремиер поднесе оставка

Бугарскиот вицепремиер поднесе оставка

По масовните протести поради неговата изјава за активистите за правата на лица со посебни потреби, вицепремеирот на Бугарија, Валериј Симеонов, поднесе оставка.

„Поднесувам оставка поради контимуираната медијска кампања против мене. Таа кампања му прави штета на угледот и авторитетот на Владата и стана пречка за мојата нормална работа. Тоа е нешто што не можам да си го дозволам. Не станува збор за мене или за партијата на чие чело се наоѓам, туку за Владата за која мислам дека е многу успешна“ – рече Симеонов на прес конференцијата.

Вицепремиерот, кој е задолжен за економска и демографска политика и еден од лидерите на партијата Обединети патриоти ги нарече активистите „крескави жени” и рече дека шпекулираат шреку своите болни деца.

Премиерот Бојко Борисов ја прифатил оставката на Симеонов, кој објасни и дека сам ја поднесува, а не под притисок на премиерот.