Бебе од четири месеци во Албанија почина поради компликации од мали сипаници, пренесува Алсат-М.
Детето лежело десет дена на одделот во универзитетската болница „Мајка Тереза“, во Тирана.
Извори од Институтот за јавно здравје во Албанија, за локалните медиуми, изјавиле дека бебето имало белодробни проблеми, што ја влошила неговата здравствена состојба, што резултирало со смрт.