Ненад Калуѓеровиќ од Цетиње е на распит во својство на граѓанин во Вишото државно обвинителство, пишува Вијести.
Првиот човек на Вишото државно обвинителство Лепа Меденица потврди дека тој се одѕвал на телефонскиот повик на обвинителството.
Калуѓеровиќ е поврзан со убиството на масовниот убиец Вук Бориловиќ.
Да потсетиме, Вук Бориловиќ во петокот уби 10 лица во населбата Медовина во Цетиње, а потоа беше ликвидиран. Полицијата не утврдила дали тој бил убиен од истрел од соседот Ненад Калуѓеровиќ, ниту пак дали било пукано во правец на Бориловиќ од нејзините службеници.
Инаку Калуѓеровиќ до денеска беше во бегство поради страв дека ќе мора кривично да одговара за убиство на монструмот. Од друга страна, жителите на Цетиње му се благодарни , бидејќи велат дека ако не бил тој, кој знае колку луѓе ќе убиел монструмот, кој речиси еден час убивал свои роднини и сограѓани со ловечки карабин во нивните домови или на улица.