Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, во изјава за ТВ21 по форумот „Економист“ изјави дека неговата земја нема ништо против иницијативата за Отворен Балкан, во која учествуваат Албанија, Србија и Северна Македонија.
Запрашан за резервите кои ги има Црна Гора во врска со иницијативата и дали тие ќе постојат и во иднина, Абазовиќ рече таква била позицијата на претходната црногорска влада.
Тој вели дека Црна Гора е заинтересирана за регионална соработка.
„Некои дилеми кои постоеја на почетокот треба да бидат разјаснети на највисоко политичко ниво, и зошто да не, јас ги поканувам премиерот на Црна Гора и премиерите на другите балкански земји да најдат начини за поголема соработка,“ рече Абазовиќ.
„Ако ова се направи преку Отворен Балкан, јас немам ништо против тоа“, додаде црногорскиот вицепремиер.