петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Црвениот крст на Грција испрати 50 тони хуманитарна помош за Украина

Црвениот крст на Грција испрати 50 тони хуманитарна помош за Украина

Нова хуманитарна помош за Украина, трета по ред, овој пат од 50 тони, испрати Црвениот крст на Грција во присуство на министерот за цивилна заштита и климатска криза на Грција Христос Стлијанидис, јави дописничката на МИА од Атина.

Трите камиони со храна, флаширана вода, антисептици, генератори, санитарен материјал и лекови, утрово заминаа од Атина за украинскиот град Чернивци, каде што се очекува да пристигнат в четврток, да ги пречека Црвениот крст на Украина и помошта веднаш да им биде распределен на граѓаните.

Стилијанидис рече дека „преку Црвениот крст, грчкиот народ уште еднаш покажа што значи солидарноста во пракса“. (МИА)