петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Дачиќ: Побаравме објаснување од Молдавија поради забраната за влез на Горан Бреговиќ во Кишињев

Дачиќ: Побаравме објаснување од Молдавија поради забраната за влез на Горан Бреговиќ во Кишињев

Министерството за надворешни работи на Србија побара објаснување од Министерството за надворешни работи на Молдавија по повод одбивањето да дозволат влез во таа држава на славниот светски уметник Горан Бреговиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Шефот на срспката дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека таквата одлука не е во согласност со традиционално пријателските односи меѓу Србија и Молдавија.

Тој оцени дела одлуката предизвикала многу негативни реакции и наишла на осуда во Србија.

Дачиќ истакна дека Бреговиќ настапувал насекаде низ светот и никогаш немал такви проблеми при посета на која било земја.

Да потсетиме, организаторите на Гитарскиот музички фестивал кој се одржува во Молдавија соопштија дека на Бреговиќ не му бил дозволен влез во таа земја иако веќе слетал на аеродромот во Кишињев.

Бреговиќ и се извини на публиката што нема да може да настапи, бидејќи на аеродромот во Кишињев без објаснување не му е дозволен влез во земјата.