четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Дачиќ: „Цело раководство на Косово е во Интерпол, на потерница“

Дачиќ: „Цело раководство на Косово е во Интерпол, на потерница“

Откако беше објавено дека уште една држава го повлекла признавањето на Косово, шефот на српската дипломатија изјави дека „целото раководство на Приштина е на потерници на Итерпол“.

Говорејќи за можноста Косово да стане член на таа меѓународна организација, Ивица Дачиќ рече дека не сака да биде оптимист во врска со тоа.

-Ако сакате да бидам циничен, речиси цело раководство на Косово е веќе на Интерпол- на потерници, рече Дачиќ.

Тој повтори дека Приштина не сака во таа меѓународна организација со цел да се бори против криминалот, туку да покаже дека Косово е независно. Тој додаде дека Западот можеби на Косово му ветил  за Интерпол но дека треба да се почека гласањето.