Приштина е главната пречка да се дојде до компромисно решение, изјави денес министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, кој додаде дека не знае што може да се очекува од утрешниот дијалог во Брисел меѓу претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.
Тој за белградска ТВ Прва нагласи дека во „Приштина владее политичка агонија и да Европа и светот повикуваат да се дојде до договор и правно обврзувачка спогодба, а да косовските власти се главната пречка за ова.“
Дачиќ изјави дека меѓународната заедница постојано говори за компромисно решение, но кога Србија ќе го истакне предлот за решение, подржувачите на косовоската независност тогаш изразуваат грижа за почитувањето на територијалниот принцип.
“Јасно им кажав на сите – вие сте лицемери”, кажа Дачиќ, додавајќи дека не знае што може да се очекува од утрешниот дијалог во Брисел.
Тој потсети дека “договорот за трајно решение требаше брзо да биде направен, поради што и се закажани овие состаноци” и додаде дека приштинската страна не сака да зборува за една, друга, трета тема и дека не знаат всушност за што сакаат да разговараат.
Како што повтори, тој е сигурен само во едно-а тоа е дека во Брисел нема да се разговара за двете опции што се споменуваат, а тоа е опцијата на Приштина, која смета дека цело Косово треба да биде независно и дека Србија треба да го признае. Втора опција е, како што изјави, опцијата на косовската автономија во рамки на Србија.
“Ниту една од овие две теми нема да биде предмет на овие разговори. Ниту Приштина, ниту Белград не сакаат да зборуваат за тоа. Ако се сака договор, мора да се направи компромис “, рече шефот на српската дипломатија.
Дачиќ оцени дека состојбата за разлика од 1990-тите сега малку се променила и дека важни фактори како што се Русија и САД стојат на ставот дека треба да се направи чекор напред и да се постигне компромисно решение. (МИА)