Антивладините протести во Бугарија синоќа се одржаа седумнаесети ден по ред. Демонстрантите бараат оставка од владата и државниот обвинител, а во Софија тие го запреа и сообраќајот во близина на Националното собрание.
Скандирајќи оставка, тие фрлаа и тоалетна хартија кон зградата на бугарската влада.
По две недели протести, премиерот Бојко Борисов изврши реконструкција на владата, но демонстрантите бараат оставка од цела влада.