понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Ден на жалост во Албанија

Ден на жалост во Албанија

Владата на Албанија денес, среда 27 ноември, го прогласи за Ден на жалост поради жртвите во серијата земјотреси во кои загинаа најмалку 24 лица, а повеќе од 600 се повредени.

Знамињата на сите институции во Албанија ќе бидат спуштени на половина копје, а училиштата ќе бидат затворени.

Фудбалскиот сојуз на Албанија, исто така, ги откажа сите натпревари за оваа недела.

Претходно, претседателот на Косово Хашим Тачи го прогласи денешниот ден за Ден на жалост во земјата во чест на жртвите од земјотресите во Албанија, кои беа почувствувани речиси на целиот Балкан.