Припадниците на специјалната едница на српското Министерство за внатрешни работи ја пребараа зградата на Градската управа на Градот Белград по што утврдија дека дојавата за бомба била лажна.
Утрово околу осум часот и 30 минути во полиција било пријавено дека непознато лице ги известило вработените дека во зградата е поставена бомба, по што тие беа евакуирани од Градската управа.
Полицијата интензивно работи на утврдување на идентитетот на лицето кое ја упатило лажната дојава.