понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Детали за падот на српскиот воен авион

Детали за падот на српскиот воен авион

Авион на српските военовоздухопловни сили се срушил во близина на Ковачица, јавува Б92.

Според Вечерни новости, авионот кој се срушил бил од типот Супер-галеб Г4.

Според неофицијални информации, пилотот и копилотот се катапултирале од леталото.

РТС јавува дека еден од пилотите е во тешка здравствена состојба, како и оти од леталото до командниот центар не е пријавен никаков проблем за време на летот.