Грчката полиција уапсила едно лице и идентификувала друго, кои заедно со трето, засега непознато лице стојат зад убиството на 21-годишно момче во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.
Според локалните медиуми од островот, инцидентот се случил во текот на ноќта, кога тројцата, од кои двајца на 18 и 19-годишна возраст до смрт го избоделе 21-годишниот.
Прричините за убиството засега се непознати, а според истите информации и сторителите и убиениот се од Авганистан.