вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Дојава за бомба во училиште во Истра, учениците евакуирани

Дојава за бомба во училиште во Истра, учениците евакуирани

Средно економско училиште во Истра утринава доби анонимна дојава за поставена бомба, по што учениците и вработените биле веднаш евакуирани, соопшти истарската полиција.

На терен биле испратени полициски и пожарникарски екипи, како и итна медицинска помош. Во тек е претрес на училишните простории од страна на припадници на специјални единици за демонтирање експлозиви.

– Полицијата утрово доби дојава од непознато лице дека во Средното економско училиште во Бује е поставена експлозивна направа. Полициски службеници веднаш излегоа на терен, а околу осум часот од училиштето се евакуирани учениците и вработените, се наведува во полициското соопштение.