Српското министерство за здравство донесе Упатство за начинот на примена на ограничувањата за влез во Република Србија на лица кои доаѓаат од земји погодени од епидемија на заразни болести КОВИД-19, меѓу кои е и Северна Македонија, како и Уредба на владата за спречување на ширењето на ова заболување, јави допсиникот на МИА од Белград.
Како што стои во Упатството и Уредбата со цел заштита од внесување на заразни болести на територијата на Србија, лицата кои доаѓаат во Република Србија од земји со неповолна епидемиолошка состојба, од 20 декември до 10 јануари, дозволено им е, во согласност со Уредбата, да влезат во Србија под услов да имаат негативен RT-PCR тест за присуство на вирусот САРС-КоВ-2, издаден од референтна лабораторија на земјата од каде што доаѓаат или влегуваат во Србија, не постар од 48 часови од датумот на издавање. Патниците треба да се тестираат пред да патуваат, а не по пристигнувањето во Србија. Тие не можат да влезат во Србија ако не се тестирани и немаат негативен RT-PCR тест за присуство на вирусот САРС-КоВ-2, не постар од 48 часа и мора да се вратат во земјата од каде доаѓаат.
Ако има задоцнување при влез во Србија, што не може да се припише на вина на патникот, но е последица на надворешен настан што не може да се предвиди, избегне или отстрани (доцнење / доцнење на летот, поаѓање на автобуси, возови и сл.), тогаш тестот не може да биде постар од 72 часа при влегувањето во Србија.
Условот за влез во Србија според упатството не се применува на:
1) странски државјани кои транзитираат низ Србија. Транзитот за странски државјани е ограничен на период не подолг од 12 часа од моментот на влегувањето во Србија;
2) екипажот на авионскиот превоз чија крајна дестинација е Србија;
3) екипаж, персоналот и патниците кои се во транзит, односно трансфер преку меѓународни аеродроми во Србија;
4) на акредитирани членови на персоналот на странски дипломатско-конзуларни претставништва и канцеларии на меѓународни организации, како и членови на нивните семејства кои се носители на специјални лични карти, односно документи за идентификација издадени од МНР и Генералниот секретаријат на Владата;
5) на малолетни лица на возраст до 12 години, ако родителот, старателот или друго лице што го придружува детето поседува негативен тест, доколку е потребно;
6) на странски државјани на кои им е одобрен привремен или постојан престој во Србија;
7) припадници на странски воени, полициски и други безбедносни служби кои транзитираат или доаѓаат во Србија на службени задачи со претходно известување.
Условот за влез во Србија од ова Упатство не се однесува на странски државјани при вршење меѓународен превоз, за преземање или истовар на стока или за превоз на лица во или преку Република Србија, кога станува збор за:
-товарни моторни возила при вршење меѓународен патен транспорт. Во случај на транзитен сообраќај, тој е ограничен на период не подолг од 12 часа од моментот на влегување на територијата на Србија;
-автобуси во редовен и меѓународен превоз на патници, како во транзит, така и во случај кога крајната или поаѓачката дестинација е Република Србија;
– железнички возила и персонал за обука;
– хуманитарни конвои договорени преку дипломатски канали.
Според упатството условот за влез во Република Србија не се однесува на граѓаните на соседните земји од пограничната област кои вршат земјоделски работи и имаат земјоделско земјиште на територијата на Србија, а кои се должни да ја преминат државната граница за да извршат земјоделски работи на тоа земјиште и имаат доказ за сопственост на земјиштето или изјава на сопственикот на земјоделското земјиште дека лицето извршува земјоделски работи на своето земјиште, под услов на реципроцитет.
Ова упатство не се однесува и на државјаните на соседните земји кои се жители на пограничната област кои се вработени на територијата на Србија, на кои работодавачот од Република Србија им издал документ за работен ангажман, под услов на реципроцитет .
На државјаните на Република Србија и на странски државјани на кои им е одобрен привремен престој или постојан престој во Република Србија, кои доаѓаат од земји со неповолна епидемиолошка состојба, од сите земји во светот, а не поседуваат негативен RT-PCR тест за присуство на вирусот САРС-КоВ-2, издаден од референтната лабораторија на земјата од каде што доаѓаат или влегуваат во Србија, не постар од 48 часа од датумот на издавање на резултатите, за време на пасошка контрола, во согласност со Уредбата, се предвидува врачување на писмено известување-здравствено предупредување за обврската за придржавање на карантинската мерка во домашни услови 10 дена од датумот на преминување на државната граница и се предупредуваат на обврската да се јавуват во надлежната Ковид амбуланта или територијално надлежниот Завод за јавно здравство во рок од 24 часа по преминувањето на државната граница, се наведува во Упатствота на српското министерство за здравство, кое важи и за македонските државјани кои ќе патуваат во Србија од 20 декември до 10 јануари следната година.