петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Драч: Oткриени 33,5 килограми кокаин во контејнер со банани

Драч: Oткриени 33,5 килограми кокаин во контејнер со банани

Во албанскиот пристанишен град Драч полицијата, заплени 33,5 килограми кокаин, откриен во контејнер со банани натоварен во Еквадор.

Нарачката била на фирмата „БанаКинг” од Тирана по чиј сопственик Трифон Муратај(53) се трага.

Во акцијата се уапсени администраторот на фирмата Петрит Демишај (57)и двајца вработени на скенерот во пристаништето, кои при контролата „не ја забележале дрогата”.

– Врз основа на добиените информации со кои располага Државната полиција, дека во контејнер со банани, за сметка на фирма во Тирана, има наркотици, полициските службеници извршија детална контрола со кучиња и покрај тоа што скенерот го извадил чист товарот со банани, стои меѓу другото во полициското соопштение.

Се додава дека споменатите лица во соработка организирале шверц на кокаин од Еквадор до Драч.

Ова не е прва голема заплена на дрога на албанската полиција во Драч последните месеци.

Претходно, покрај другото, заплени и 50 килограми кокаин во контејнер со пилешко месо нарачка на фирма од Македонија.