сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Драма во Ханиоти: Двегодишно дете од Србија бранови го однесоа на два километри од брегот (ВИДЕО)

Драма во Ханиоти: Двегодишно дете од Србија бранови го однесоа на два километри од брегот (ВИДЕО)

Во грчкото летувалиште Ханиоти вчера ветерот и брановите го „однесоа“ двегодишно момче од Србија далеку од брегот. Момчето било на гумен чамец, објавија во групата „Никана“ на социјалните мрежи.

Кога сфатиле дека момчето го нема, неколку луѓе, како и родителите, почнале да пливаат кон него. Меѓутоа, водата го носела се подлабоко и подлабоко, па нивните обиди биле залудни се додека човек на скутер не дошол до детето и го извлекол на брегот.

@nikana.gr Spasavanje trogodišnje devojčice na gumi u moru #grcka ♬ original sound – nikana.gr – letovanje u Grčkoj

Бидејќи ова не е прва ситуација, се апелира родителите да не ги оставаат децата сами со душеци и гуми, без надзор.

Инаку, слична ситуација се случи и во Ханиоти пред две години, кога тригодишното девојче беше однесено од морето на километри оддалечено, а беше спасено од екипаж на траект.