Околу 18 часот брод пламнал во морето кај Сплит, јавува Далмација Данас.
– Прво се појави чад, а по пет минути избувна пламен. За жал, бродот гори „како кибрит“ – изјавиле очевидци за медиумите.
Добрата вест е што сите од бродот се спасени и нема жртви. Инаку, се работи за брод и компанија од Хрватска.
– Капетанијата на пристаништата била информирана и пристигнала на местото на настанот околу 18 часот и 20 минути – изјавил за медиумите жител на Сплит, кој го набљудувал настанот.