сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Драматични сведоштва по земјотресите во Хрватска: Куќите се тресеа како да се од хартија, огледало ми падна до главата (ФОТО)

Драматични сведоштва по земјотресите во Хрватска: Куќите се тресеа како да се од хартија, огледало ми падна до главата (ФОТО)

На подрачјето на Сисак, Загреб, Петриња утринава се регистрирани три силни земјотреси со јачина од 5; 4.,7: 4,1 степени.

Материјалните штети се големи, а жителите исплашени од страшното будење кое го имале.

-Беше страшно, никогаш во животот не сум почувствувала таков страв, имав чуство дека тресе 10 секунди. Се паѓаше од полиците, лампионите од елката. Само викав од соба да проверам дали ќерка ми е добра, вели Сања за „24 сата“.

-Огледалото ми паднал покрај главата. Куќата се тресеше како да е од хартија. Лежев без да се помрднам од креветот и се покрив преку глава. Татко ми дојде по мене да не изнесе надвор, раскажува девојка од Сисак.

-Сите работи во продавница паднаа на подот. Се чинеше дека никогаш нема да престане. Ужас. Колешката и јас набрзина излеговме надвор. Веднаш вртевме дома да видиме дали сите се добри, во шок кажува продавачка.