сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Дванаесет часовната тишина за повик за помош – шест локални радио станици во Црна Гора денеска ќе прекинат со емитување програма

Дванаесет часовната тишина за повик за помош – шест локални радио станици во Црна Гора денеска ќе прекинат со емитување програма

Шест локални радио станици во Црна Гора денеска ќе прекинат со емитување програма во следните 12 часа поради финансиски проблеми.

На тој начин тие сакаат да го свртат вниманието на ситуацијата во која се наоѓаат. Програмата ќе биде прекината во 11:55 часот.

– Дванаесет часовната тишина од нашите фреквенции ќе претставува повик за помош. Ја повикуваме Владата, која во услови на пандемија треба да има слух за проблемите со кои се соочуваме, со цел да ја одржиме програмата која е од посебно значење за локалните заедници во северниот дел на Црна Гора, изјави претставничката на локалните радио станици Седа Садиковиќ. (МИА)