вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Експерт по криминалистика: Штетата од кибер нападите врз Албанија најголема по Втората светска војна

Експерт по криминалистика: Штетата од кибер нападите врз Албанија најголема по Втората светска војна

Познатиот албански експерт за криминалистика Ервин Карамучо оценува дека штетата предизвикана од кибер нападите врз неговата земја е најголема по Втората светска војна, јави дописничката на МИА од Тирана.

-По Втората светска војна немаме поголема штета од сега. Направена е голема штета. Таа штета ќе биде вратена. Постојат основи на сомнение дека отпечатоците од прсти од системот се изнесени од Албанија. Хакерите биле потпомогнати од Албанци, Руси и други од регионот. Има многу скриени сили. Тие ни ги уништија системите. Имаме штета што не сме ја претрпеле од Втората светска војна. Тоа е направено за да се предизвика паника, хаос и дестабилизација, рече Карамучо за abcnews.al.

Тој нагласува дека внатре во иранската амбасада имало луѓе кои влијаеле на овие кибер напади.

– Има информации дека во иранската амбасада се занимавале со хакерски прашања и дека и таму имало активност. Има повеќе истраги и се очекува да бидат издадени налози за апсење, додава тој.

Бесмир Семанај, ИТ експерт, за телевизијата изјави дека освен Албанија, континуиран атак има и врз други земји од регионот.

Тој додава дека од „заразен“ сервер што го имало во Албанија, било нападнато и Косово.

-Се користат машини или сервери кои се земени под контрола на хакери и со нив се нападнати други. Тоа не значи дека албанската инфраструктура го нападна Косово. Но, албанските сервери беа дел од овој сообраќај што го нападнаа Косово, рече Семанај. (МИА)