вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Експлозија на јахта во Порто Монтенегро: Дошло до пожар во моторниот простор, едно лице е повредено

Експлозија на јахта во Порто Монтенегро: Дошло до пожар во моторниот простор, едно лице е повредено

Едно лице се здобило со полесни повреди и изгореници во инцидентот што се случил нешто по 14 часот во марината Порто Монтенегро во Тиват.

Од засега неутврдени причини дошло до мала експлозија, а потоа и пожар во моторниот простор на јахтата „Либерти“ во близина на граничниот премин во Порто Монтенегро, пишува Вијести.

На бродот имало две лица, од кои едното е повредено, па интервенирале лекарите на Тиватската Итна помош.