среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Експлозија предизвикана од плинска боца во зграда во Ужице (ФОТО)

Експлозија предизвикана од плинска боца во зграда во Ужице (ФОТО)

Стравична експлозија за која се претпоставува дека е предизвикана од плинска боца , ги разруши ѕидовите и ги откорна прозорците во една двоспратна зграда во српскиот град Ужице попладнево околу 18 часот.

Една станарка со голем степен на изгореници била однесена во болница во Белград а биле евакуирани уште шест лица.

Дел од станарите информирале дека подолго време во зградата чувствувале мирис на плин иако објектот не бил гасифициран.

Детонацијата се случила во стан на вториот спрат од кој пожарот се проширил во становите од поткровјето.