Осум рудари загинаа, а околу 20 се повредени откако рано утринава дошло до експлозија на метан во рудникот „Соко“ кај Сокобања, истакнал директорот на Здравствениот дом во Алексинац, Родољуб Живадиновиќ.
Додал дека најголем дел од повредените имаат полесни повреди.
Нема детални информации колку рудари уште се заробени. Живадиновиќ истакнал дека најголем дел од рударите се од Алексинац.
Неофицијално од рудникот извлечени се околу 65 рудари.
Според неофицијални информации, окното во рудникот се урнало, а камениот материјал паднал и затрупал голем број рудари, од кои некои останале заробени од другата страна.