вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ердоган ќе прави митинг во Сараево

Ердоган ќе прави митинг во Сараево

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган потврди дека еден предизборен митинг ќе биде одржан во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево.

Иако вчера од Министерството за надворешни работи на БиХ беше соопштено дека за тоа се уште не добиле никаква службена информација, Ердоган на новинарите им ркеол дека би сакал да се поврзе со турските државјани во БиХ.

-Ќе дојдеме заедно со нашите граѓани од европските земји во дворот во Босна, рече Ердоган.

Тој додал дека е уверен оти турските државни сигурно ќе продолжат кампања во европските држави, односно онаму каде што живеат.

Хуриет пишува дека митингот во Сараево треба да се одржи на 20 мај, но се уште не е официјално соопштено.