Турција ги финализира подготовките за создавање на повеќе безбедносни зони во Сирија што ќе овозможи враќање на бегалците, изјави вчера претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.
Тој додаде дека 250.000 луѓе веќе се вратиле во ослободените делови на Сирија.
– Наскоро ќе имаме уште повеќе ослободени места и ќе направиме повеќе безбедносни зони, посочи Ердоган.
Тој додаде дека Турција ќе ги интензивира дипломатските и воените напори во провинцијата Идлиб, каде има десетина турски воени пунктови.
Во Турција во моментот се сместени 2,7 милиони бегалци од Сирија. (МИА)