Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе се сретне со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, јави дописникот на МИА од Белград.
Според соопштението од Владата, Ескобар ќе има одвоена средба и со премиерката Ана Брнабиќ.
Ескобар во Белград доаѓа од Приштина, каде денеска се сретна со претседателот и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албина Курти.
Посетата на Ескобар доаѓа неколку дена откако во понеделникот специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак, ги посети Белград и Приштина.
По оваа средба, претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека имал „сериозен и одговорен разговор со Лајчак за отворените прашања во дијалогот меѓу Белград и Приштина“.
-Продолжуваме да се бориме за спас на нашата земја и нашиот народ, инсистирајќи на целосно спроведување на досега постигнатите договори и почитување на меѓународното право, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
По оваа средба, претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека имал „сериозен и одговорен разговор со Лајчак за отворените прашања во дијалогот меѓу Белград и Приштина“.
-Продолжуваме да се бориме за спас на нашата земја и нашиот народ, инсистирајќи на целосно спроведување на досега постигнатите договори и почитување на меѓународното право, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил. (МИА)