Во Загреб вчера беше отворен Фестивалот на хамбургери, кој ќе трае до 23 септември.
Посетителите на фестивалот, што се одржува на градскиот плоштад Штросмајер, наредниве десетина дена ќе може да уживаат во 70-на вида хамбургери.
Годинава за гурманите на месото ќе се погрижат 18 хрватски бургер мајстори од Загреб, Пула и Сплит, со рецепти од цел свет.
Минатогодишниот победник, компанијата „Мејсон Бургер енд Стаф“ ќе ги претстави новите „вински бургери“, „Ел Торо“ се насочи кон латино вкусот, а „Бургер Шампејн Бар“ ги најави своите специјалитети со пилешко.
Тоа се само дел од годинешните странски натпреварувачи, а домашните ќе се претстават со своите оригинални локалани специјалитети, меѓу кои секако ќе биде и сплитскиот бургер од јагнешко.