петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Демонстрантите ја пробија оградата пред Претседателството, Вучиќ внатре игра шах со Стефановиќ

ФОТО: Демонстрантите ја пробија оградата пред Претседателството, Вучиќ внатре игра шах со Стефановиќ

Претседателот на Србија Александар Вуќиќ на својот Твитер профил сподели  фотографија на која се гледа како игра шах со министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Имено пред зградата во која тој предмалку даваше изјава се насобра толпа луѓе и не дозволува Вучиќ да излезе, но со оваа фотографија се чини дека тој сакаше да им испрати порака.

-Во Претседателството, кратка пауза пред попладневните активности. Српската храброст и чесност секогаш ги победуваат насилниците, напиша Вучиќ и објави фотографија за играње шах со Стефановиќ.