На албанското крајбрежје, кај познатото туристичко место Звернец, северозападно од Валона, пронајдена е мртва гигантска желка од видот „Карета“.
-Желката е долга 145 сантимтери, што претставува најголема досега пронајдена долж албанското крајбрежје. Не е познато што ја предизвикало нејзината смрт. Се смета дека нејзината смрт можеби е последица на природни, но не се отфрла да се во прашање и случајни причини, пренесува телевизија АБЦ њуз.ал.
Пред неколку години двајца рибари од Драч во рибарските мрежи уловија две големи желки од овој редок вид, кој го има во регионот на Средоземното Море.
Желките беа со тежина од по околу 60 килограми и долги 70 сантиметри, а биле уловени на 1,2 милји од морскиот брег.
Постарите рибари не паметат вакво нешто. Тие тврдеа дека тоа се случува за првпат во водите на делот на Јадранот да се види ваков вид желка.При контролата една од желките на ногата имала сребрена метална плочка. Желките повторно биле пуштиле во морската вода.Традицијата во Албанија не дозволува конзумирање на месо од желка.