петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Први фотографии од запалениот автомобил на убиеното семејство Ѓокиќ, „Пасатот“ целосно уништен

ФОТО: Први фотографии од запалениот автомобил на убиеното семејство Ѓокиќ, „Пасатот“ целосно уништен

Тричленото семејство Ѓокиќ е убиено ноќта меѓу неделата и понеделник, а по убиецот се уште се трага.

Рано утринава, јавуваат српските медиуми, полицијата продолжила во увидот во атарот на селото каде вчера е пронајден запален автомобилот „Пасат“ сопственост на семејството.

Автомобилот денеска е подигнат од лице место и е предаден за натамошни анализи. На осум километри од запалениот автомобил полицијата ги пронајде вчера и телата на членовите на семејството Ѓокиќ.

Телата на Горан (57), Гордана (56) и ќерката Лидија (25) се пронајдени во атар на селото Моравац каде на 26 септември им се губи секаква трага. Семејството се враќало кон Алексинац откако биле на гости во селото кај мајката на Горан.