Црниот транспарент што го носеа учениците во поворката кај основното училиште „Владислав Рибникар“ каде вчера се случи страотниот масакр кој ги однесе животите на девет лица – осум ученици и чуварот Драган Влаховиќ, засекогаш ќе остане во сеќавања.
– Нечие дете не се вратил дома затоа што некој не го воспитал своето. Ве молиме прифатете го нашето сочувство! ООУ „Јован Миодраговиќ, пишува на транспарентот што го носеа учениците од ова основно училиште и со тоа покажаа дека се со своите врсници во овој тежок момент.
Од другата страна на транспарентот биле испишани иницијалите на сите кои биле цел на Коста К.(13), убиени и повредени.