Мировните сили на ЕУ во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) најавија дека од понеделник авионите на ЕУ ќе започнат со тренажни летови над БиХ и Западен Балкан.
Како дел од операцијата „Алтеа“, обуката ќе започне на 7 март и ќе се одвива во наредните недели, соопшти ЕУФОР.
„Носачот на авиони Шарл де Гол моментално е на оперативна обука во Средоземното Море, а од понеделник, 7 март 2022 година, неговиот авион од типот Рафал ќе лета над Западен Балкан, вклучително и БиХ“, се вели на Фејсбук страницата на ЕУФОР.
Како што беше најавено, во светло на влошената меѓународна безбедносна ситуација, а и како мерка на претпазливост, командантот на операцијата „Алтеа“ ја прифати доброволната понуда на Франција во наредните недели да изврши неколку тренажни летови на млазни авиони над БиХ.
„Во време кога безбедносната рамнотежа на Европа е нарушена, ЕУ ја покажува својата континуирана посветеност и решителност да поддржи безбедна и стабилна средина во БиХ и на Западен Балкан“,
се вели во соопштението на веб-страницата на ЕУФОР.