понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Фудбалскиот судија кој беше уапсен за најскандалозниот пенал пуштен од затвор, но тука не е крајот на неговите проблеми

Фудбалскиот судија кој беше уапсен за најскандалозниот пенал пуштен од затвор, но тука не е крајот на неговите проблеми

Фудбалскиот судија Срѓан Обрадовиќ, кој беше уапсен под сомнение дека ја злоупотребил својата положба, вчера попладне е пуштен од притворот во Окружниот затвор во Нови Сад.

Адвокатот на судијата, Горан Крадаревиќ, ги потврди информациите дека на неговиот клиент му е укинат притворот и дека во понатамошната постапка ќе се брани од слобода.

Обрадовиќ беше приведен поради сомнителен пенал кој го досуди на натпреварот меѓу Спартак и Раднички Ниш.

Останува да се види дали ќе биде осуден, затоа што против него се води кривична постапка.