Специјалниот пратеник на Соединетите американски држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, утре ќе допатува во официјална посета на Албанија.
Според медиумите тој ќе престојува од 11 до 13 месецов, а посетата се случува во пресрет на изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 14 мај.
Утре попладне Ескобар ќе оствари средба со претседателот на државата Бајрам Бегај, а потоа и со премиерот Еди Рама
Следниот ден планирани се средби со опозицијата , со вршителот на должноста претседател на опозициска Демократска партија, Енкелејд Алибеај, пратениците Газмент Барди и Јорида Табаку, како и со лидерот на опозициската Партијата на слободата, Илир Мета.
Последен пат Ескобар ја посети Тирана во април минатата година заедно со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид. (МИА)