четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ѓуриќ: Без договор меѓу Белград и Приштина, ќе дојде до судири

Ѓуриќ: Без договор меѓу Белград и Приштина, ќе дојде до судири

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуричќ изјави денеска дека Србија мора да биде свесна за последиците доколку не се постигне договор со Приштина, а тоа би било враќање на Србија и регионот во судири.

Тој вели дека Србија денес е соочена со дилемата дали сака да постигне догвоор или не, но мора  да биде свесна за она што ќе се случи доколку не се случи договор.

– Доколку не постигнеме договор, бидете сосема сигурни дека работите нема да може да останат вакви какви шпто се. Во следните неколку години сосема е сигурно дека би ја вратиле нашата држава и регионот во некој вид судир. Нема да може да осигураме дека нашите деца нема да гинат, изјави Ѓуриќ за РТС.

Според него, во дијалогот со Приштина има „сериозно и тешко“ условување“.

На прашањето за евентуална поделба на Косово или размена на територии за столче во ОН, Ѓуриќ избегна одговор и рече дека што и да добие Србија ќе биде повеќе октолку што има денес. 

МИА