петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Гласањето за недоверба на бугарската влада закажано за 18 часот

Гласањето за недоверба на бугарската влада закажано за 18 часот

Бугарското Собрание за вечерва после 18 часот го закажа гласањето за недоверба на Владата. Барањето за недоверба го поднесе партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, поради економската криза. Тоа следуваше откако Слави Трифонов, со партијата „Има таков народ“ ја напушти владината коалиција предводена од Петков и тој го загуби мнозинството во Парламентот.

Новото мнозинство од опозициските партии, во меѓувреме, го разреши и спикерот на Собранието, Никола Минчев, кој доаѓа од партијата на Петков. На неговата партија „Продолжуваме со промените“ во моментов и недостигаат шест пратеници до бројката од 121 пратеник за гласањето недоверба да не успее. Од владејачката коалиција најавија дека ќе сторат сè за да не дојде до нови предвремени парламентарни избори во земјата.