Денеска околу 12 часот избувнал пожар кај аеродромот во Пула, а во гаснењето на пожарот биле ангажирани двајца канадери.
Хрватскиот авто-мото клуб известува дека патот од аеродромот кон Валтура е затворен за сообраќај, пренесува „Индекс“.
Во Истраската жупанија се гаснат три пожари на отворено, а работата на пожарникарите ја отежнува силното невреме, известија од Хрватската противпожарна бригада, наведувајќи дека на помош пристигнуваат и противпожарни возила. Ангажирани се околу 80 пожарникари со 30 противпожарни возила.
Пожарот ја зафатил површината со трева и ниска вегетација.