петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Големо невреме ги зафати познатите грчки летувалишта, на Халкидики гледка како од апокалипса (ВИДЕО)

Големо невреме ги зафати познатите грчки летувалишта, на Халкидики гледка како од апокалипса (ВИДЕО)

Големо невреме со силни врнежи од дожд, ветер и грмежи ги зафати неколку грчки региони.

Во невремето настрадало најмалку едно лице.

Силните врнежи, воглавно проследени со град и силни ветрови го зафатија поголемиот дел од Грција, а спрема метеролозите ваквото невреме ќе трае до петок.

На грчкиот остров Скопелос, од гром настрадала една жена, пренесува „Grik reporter“. Невремето со силни грмежи ја зафати и Атина.

Драматично било на Халкидики, каде што овој регион бил зафатен со врнежи од силен град. На регионалниот пат Полигирос-Солун автомобилите и камионите веќе неколку часа стојат поради големата количина на мраз на коловозот.

Во одделни предели пејзажот изгледа како да е покриен со снег, бидејќи град ги зафати патиштата и полињата. Екстремни временски услови ги погодија на југ Каламарија и Олимпија.