Страшен пожар кој доцна синоќа избувна во месноста Бар зафати дрвја и ниска вегетација над Шушње.
Од утрово во акцијата за гаснење се вклучени воени хеликоптери, а сцените кои ги снимиле се шокантни. На ридот не преживеа речиси ниту едно дрво, сè остана голо и црно.
Пожарникарите се уште се борат со пожарот, но велат дека пожарот е ставен под контрола и нема закана за објектите.
Сообраќајот на патот Бар-Шушањ е обновен, а железничкиот сообраќај се уште е во прекин.
👉 Pogledajte jutrošnji helikopterski snimak devastacije koju je za sobom ostavio ogromni požar koji je juče poslije podne izbio iznad Šušnja. Helikopteri Vojske Crne Gore i danas su na terenu. Naši piloti ulažu ogromne napore da suzbiju vatrene stihije širom Crne Gore. pic.twitter.com/XwvwZHwW0K
— Defence MNE (@defence_mne) August 11, 2022